Многу вкусен чизкејк, топло ви го препорачувам.
Комбинацијава испадна топ.

Најнапред калапот со пречник од 26 цм. го намрсуваме со масло.
Ја спремаме подлогата. Ги мешаме бисквитите со растопеното чоколадо и омекнатиот путер на собна температура со рака. Убаво се соединуваме и ги додаваме двете лажици рум. Ја распоредуваме смесата во калапот. Го ставаме во фрижидер, додека го спремаме делот со сирење-филот.

Крем сирењето го соединуваме со кондензираното млеко со миксер.
Го додаваме шеќерот во прав, убаво миксаме.
Ги додаваме претходно измиксаните вишни во кои додадовме ванила и лимонов сок. Се убаво изедначуваме.
Желатинот налеан со вода го оставаме да набубри 10 на минути и на тивок оган го втечнуваме.Малку да здивни и го додаваме во филот.
На крај го додаваме растопениот желатин и мешаме со миксер.

Го излеваме над подлогата и ставаме во фрижидер на некои 4-5 часа да се стегни.

Го спремаме чоколадниот прелив.
Шлаг кремата ја раствораме со млекото и ја загреваме до точка на вриење.
Ја додаваме во претходно растопеното чоколадо и убаво изедначуваме. Малку да излади и преливаме.

Уживајте!
п.с.За чоколадниот прелив може и ганаш во размер 1 према 1, чоколадо и слатка павлака. Јас во моментот немав слатка павлака и вака го направив...)))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани