Ова е еден прекрасен домашен сладолед, кој вреди да се направи, бидејќи се добива голема количина.

1. Јагодите и шеќерот се ставаат во сад, на тивок оган да се крчаат. Треба да се добие прекрасен сос од јагоди. Се остава да се излади убаво.
2. Во меѓувреме се мати слатката павлака и во неа се додава арома ванила, кондензирано млеко и крем сирењето и сето тоа убаво се мати. На крај се додава и кората од лимон.
3. Бисквитите се кршат на поситни делови, да останат и мали парченца.

Сите состојки се мешаат, но не премногу, само во неколку движења за да остане смесата шарена.
На крај се ренда темно чоколадо и дел од плазмата наросуваме и украсуваме со неколку јаготки.
Оставете сладоледот убаво да се стегне, најдобро преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови