За основа
Измелете ги бисквитите, путерот стопете го, додајте го во мелените бисквити, додајте млеко, кокос,  зелена боја и се' измешајте.
Во калап рамномерно расподелете ја основата. Ставете во фрижидер.

За крем
Маскарпонето измешајте го со павлака, додајте шеќер во прав по вкус.
Желатинот измешајте го со 50 мл. ладна вода, оставете го да набабри, растопете го, додајте во маскарпонето. Ставете во него црвена боја.

Врз основа ставете едно длабоко чиниче завиткано во целофан. Околу чинвичето истурете го кремот и оставете во фрижидер да се стегне.
Кога ќе се стегне крем извадете го чинвичето.

За желе
Ставете го сокот да зоврие. Истурете го во него желатинот и промешајте. Оставете го да истине.
Истинато желе истурете го во празното место каде што беше чинивчето. Оставете во фрижидер да се стегне.
Чоколадото стопете го и направете фигури во вид на семки од лубеница.
Стегнатиот чизкејк украсете го со направени од чоколадо семки од лубеница.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани