Овој десерт е 2 во 1 !!
Ем добиваш десерт, ем добиваш кафе!!!
Како и да е - добиваш уживање !
Десертот брзо се подготвува, воопшто не бара многу труд, лесен е и погоден за овие летни температури.
Оваа количина е доволна за 4 чаши.
Подготовка
1. Јајцата се матат со шеќерот во прав. Во нив се додава маскарпонето и се мати уште малку да се соедини смесата. Ова е фил за десертот
Во секоја од 4-те чаши најпрво се става на дното по 1 лажица фил, па врз филот се посипува какао или чоколадо во прав (нанесувањето јас го правев преку сито за чај)....
Се зема по една бисквита за во секоја чаша (значи вкупно 4 бисквити) и се потопуваат во свареното кафе, а потоа по една бисквита во чаша се искршува на 4-5 парчиња и се става врз какаото.Врз неа повторно се наросува какао, па врз какаото се ставаат по 2 лажици фил во секоја чаша, а филот се наросува пак со какао.Потоа се земаат по две бисквити кои се потопуваат во кафето, се кршат на помали парчиња и се редат врз какаото во чашата.Повторно се става фил и најгоре се завршува со какао во прав. Декорирав јас со чоколани срца во секоја од чаша.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани