Уште еден од низата десерти во чаша. Овој пат мојот омилен чизкејк во чаша!

Подготовка
- Вишните се варат кратко на тивко во вода и 2 лажици шеќер и се оставаат да се оладат
- Бисквитите се кршат и се редат во чаши за послужување
- Шлаг кремот се мати со 400 мл млеко и на крај се додава павлака и шеќер во прав

Редење
- Во чашите се ставаат кршените бисквити (по 2 лажици)
- Се прелеваат со сок од вишни, кој се создава при варењето на вишните
- Се става кремот (одприлика по 2 лажици)
- Кремот се прелева со лажица сок од вишни
- Повторно се става крем (по 2-3 лажици, зависно од големината на чашата)
- Одозгора се ставаат оладените вишни

*На некој од чашите ставив и чоколаден прелив, но сепак замислата за десертот ми беше да биде овошен и да преовладуваат кремот и вишните.

*На мене ми искочија 12 чаши, доколку ви се потребни помалце или повеќе, користете состојки колку што ви е потребно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови