Инстант џем кој може да се приготви и од било кое друго овошје, и се базира на способноста на чиата да желира.

Може да се блендираат сите состојки, може да се изгмечат со вилушка капините, па да им се додадат другите состојки, како милувате. Оставете некое време чиата да ја апсорбира течноста, и потоа може да го користите за мачкање на палачинки, во смуди итн.
Забелешка - може да стои 1-2 дена во фрижидер.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови