Кромидот и морковот исечете ги ситно и запржете малку. Додајте мелено месо, уште малку пропржете додајте ориз, посолете, ставете сув зеленчук и ситно сечен магдонос.
Од црн патлиџан извадете средина и оставете малку повеќе напред од црното да ви испаднат чевлички.
Црните патлиџани наполнете ги со филот, ставете ги во тепсија и прелијте со домата, посолете по вкус.
Печете во рерна на 250 степени 1 час.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани