Еве еден рецепт кој знам дека на сите ќе ви се бендиса. Колачи од чајни тркалца.
Ова се превкусни и брзи колачи кои ги направив со мерак, а бев инспирирана од оние купечките грчки колачи. Искористив чајни тркалца од пакетот кој го добив од Винчини. Тие се помали од другите чајни тркалца кои ги има по маркети, не само што се помали туку се и повкусни, како путер кекси се, а баш такви ни требаат за овој рецепт.

Подготовка

Се лепат тркалцата со џем и потоа се макаат во млакото млеко. Се макаат набрзина, немојте да ги потопувате долго време.
Се прави глазурата со топење на чоколадото со слатката павлака.
Се мака едната страна од колачите во чоколадо и веднаш во кокос.
Се оставаат во фрижидер да се залепат убаво.

Поделете со пријателката на кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови