Зимско утро, со минус 9 степени.....
Идеално да се консумира нешто кое ќе ве освежи и ќе ви го разубави денот.
Еве го денешниот предлог

Во нутрубулет ги ставме црвените овошја, додаваме вода, сок од вишни и соединуваме.
Од оваа смеса на дното на чашата ставаме 2 лажици.
Остатокот го ставме во чаша на страна.
Во чиста чаша на нутрибулет ги соединуваме ананасот, кивито и бананата.
Додаваме вода.
Блендираме.
Ова го додаваме врз веќе нанесени две лажици црвено смути во чашата.
Дополнуваме со остатокот на црвеното смути.
По желба промешуваме или консумираме, слоевито како што ви прикажав.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани