Чак-чак е омилена источна сладост во кујната на турските народи - Башкирија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и во многу други земји кои активно вклучени во пчеларството и земјоделството. Путер, брашно, јајца, млеко и мед се потребни за вкусен чак-чак. Свеж, мирис на чак-чак ви дава можност да го намирисате егзотичното цвеќе, мед и да ја почувствувате целата сила и магија на Истокот.
Чак-чак може да биде во различна форма и големина, јас решив да направам во форма на цветови.
Во едно вангличе сипете брашно додадете путер, шеќер во прав, жолчка од јајце, квасец и пециво убаво измешајте. Додадететопла вода и замесете тесто. Оставете го тестото15 мин во фрижидер.
Изладеното тесто рассукајте го тенко, со калапите за цветови направете два големи цвета, два средни и едно мало цветче.
Цветовите ги лепиме со останата белка од јајце. Секој цвет го лепиме со белка,
Прво два големи, врз него два средни и одозгора едно мало цветче. Врз малиот цвет ставете оравче.
Така правете цветови додека не се потроши тестото.
Пржете ги цветовите во врел зејтин до златна боја.

За шербет ставете во тенџере шеќер, мед и вода да зовријат. Изрендајте малку кора од лимон и пресечете неколку парчиња лимон во шербетот, нека поврие 5 минути.
Прелијте ги пржените цветови со жежок шербет и оставете на 2 часа да отстојат.
Многу убави и вкусни пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани