Се прави белата смеса
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Се додава маргаринот и се остава да зоврие 2минути. Се трга на страна, се додава кокосот и млекото во прав. Се мати со миксер убаво и се остава да се излади.

За кафената смеса исто шеќерот и водата да зовријат. Се додава маргаринот да зоврие 2 минути се трга на страна. Се додаваат бисквитите и какаото, се меша убаво и се остава да се излади.

Од изладените смеси се зема по малку, малку кафена, малку бела смеса во средина се става пола бадем се формира бомбица, се валка во кокос и врз бомбицата се става уште пола бадем.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови