Неодамна купив црни шпагети, кои наводно се обоени од мастило на сипа, па очекував така и да мирисаат и заради тоа се решив да ги спремам со ракчиња. За жал, сето ова врска нема, шпагетиве се обоени, ама не со сипино мастило, немаат ни ронка таков вкус, па така истото можи да се спреми и со обични, бели шпагети.

Шпагетите се варат класично во зовриена вода со малку маслиново масло и сол 10 минути, па се цедат од водата.
Во подлабока тава на малку масло се пржат ракчињата и се тргаат на страна.
Во истото масло со малку вода се пржат ситно сечканиот кромид и лук.
Кога водата ќе испари и малку запржат им се додава доматното пире и зачините. Се меша и вари малку да подиспари водата, па му се додаваат исцедените шпагети и наутот и се убаво се меша уште минута две и се трга од рингла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани