Ова е мартинка хехе, црна варијанта на претходните бели корпиња, но како состојките завземаа многу простор, се одлучив да ги напишам во посебни рецепти, а чинам добро е тоа, бидејќи сепак секој посебно се работи и во основата заради видот, т.е. бојата на чоколадата.

Принципот на спремање е ист како со белите, значи, се топат на ниска температура медот, шеќерот, путерот и чоколадото и какаото, па по неколку минути откако ќе подизлади се додаваат семките и ванилата (која јас не ја ставив, па не се осети некој дефицит) и на крај се меша конфлексот.

* Корнфлексот ако е покрипен можи да го подиздробите малку со рацете или пак додека мешате тогаш со лажицата да го натиснувате да се искрши. Погодете кој начин е мојот?

** Убаво е да се стави црно чоколадо со поголем процент на какао, но како јас имав 50на гр млечни заостанати кои не сакаше никој да ги дојадува, па дел просечно чоколадо за готвење дополнив и за сметка на тоа додадов 1 лажиче какао затоа што трпеше смесата. Но, доколку користите високопроцентно чоколадо, какаото воопшто не го ставајте.

*** Семките и семињата најлесно се печат во микробранова 2 пати по по пола минута со мешање и уште еднаш, ама со проценка да не ви изгорат како мене дел од семките за белите корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани