Чашата е од 180 мл.
- Црешите искостете ги, ставете ги во цедалка да се цедат додека се спрема останатото.
- Во сад измешајте го јогуртот, маслото, шеќерот, гризот, ванилата и пецивото во еднолична смеса.
- Тавата во која ќе печете постелете со хартија за печење, вклучете ја рерната на 190 степени.
- Земете една кора и премачкајте ја со 5 лажици од јогуртната смеса, врз неа ставете ја втората кора - пак 5 лажици од смесата, трета кора - повторно премачкувате со 5 лажици од смесата. Ставете ја одозгора четвртата кора и по неа ставете половина од спремените цреши па со лажица попрскајте малку масло. Внимателно замотајте во ролат и преместете во тавата. Така постапете и со останатите четири кори. Значи количината е за два ролат пити.
Ставете ги да се печат во веќе загреаната рерна. Вкупно се пече околу 40-45 мин.
Додека се пече стопете го путерот додавајки во него од млекото. По 15 минути од печењето извадете ја тавката - премачкајте со путерот и млекото, вратете назад. Додека се печат премачкајте ги уште двапати до крајот на печењето.
Печената штрудла извадете од рерна, премачкајте со остатокот од путерот и млекото, покриена со крпа нека стои околу 10 минути. Трпение за до послужувањето - нека олади. Посипете со шеќер во прав, пресечете си парче и драги мои - во секој залак уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани