Декоративен и вкусен десерт за кој не ви треба многу време, а се топи во уста,а има и фантастичен изглед.
Во 1.5л вода додадете го шеќерот и ставете да проврие. Во меѓувреме во друг сад разматете го густинот со 0,5 л вода.
Откога ќе биде шеќерот растопен и ќе почне да врие додадете го густинот и варете додека добиете густа смеса некаде 5-7 минути.
Сместа поделете ја на два дела во едната половина ставете го екстратот, а другата оставете ја бела.
Во калапи или во тавче натопена со вода за да не залепи ставете ја прво белата смеса врз неа сецканите ореви, потоа и обоената смеса.
Оставете прво да се излади на собна температура а потоа ставете во ладилник.
Доколку ја ставите во тавче сечете парчиња по желба. Јја правев во мали калапи само превртете го калапот и послужете.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови