1. Пиперките се мијат, се чистат од семето и се сечкаат на кругчиња или по должина.
2. Се ставаат во теглите, а помеѓу нив се става ичистен исечкан лук и магдонос.
3. Состојките за солилото се зовриваат и жешкото солило веднаш се тура во теглите кои веќе треба да се наполнети со пиперките, лукот и магдоносот.
4. Теглите се затвораат убаво и се оставаат малку да изладат.
5. Потоа теглите се ставаат во рерна, а рерната се вклучува на 120 степени.
6. Штом рерната ќе ја достигне температурата од 120 степени, се вклучува тајмерот на 30 минути, а после тоа време рерната се исклучува и теглите се оставаат да се изладат самите до другиот ден. Затоа најдобро е оваа постапка да се направи навечер.
7. Изладените тегли се вадат од рерна и се чуваат на ладно.

Забелешка
Ако ги сечкате пиперките по должина во 1 тегла ќе собере 2 пиперки, а ако ги сечете на кругови како на главната слика, во 1 тегла собира 3 пиперки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани