Ова е еден брз рецепт, за вкусна проја, која е одлична за појадок или за мезе.

1. Јајцата изматете ги со сол. Потоа додадете ги течните состојки и матете со маталка.
2. Во друг сад измешајте ги сувите сосотјки и полека додадете ги кон течните.
3. Откако ќе се спои смесата, додадете сирење, млечен намаз и кајмак и се убаво измешајте.
4. Тавчете премачкајте го со путер и распределете ја смесата.
5. Врз неа обилно наросете сусам и ставаете ја да се пече на 200 степени, околу 20-35 мин.
Најдобро проверете со чепкалка за да сте сигурни дека е готова.
6. Оставете ја да се излади малце и потоа расечете на ја парчиња по избор. Одлично одговара со јогурт, ајран или матеница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови