Припрема
- Одмерениот спанаќ го ставаме да се обари - процедете го. Во тавче сосема кратко на малку масло пропржете го - Тргнете настрана.
- Излупените кромид, лук, морков исецкајте на коцки, ставете во садот во кој ќе ја приготвувате леќата на веќе загреано масло. Додадете и измиената леќа, зачинките - нека пржи да омекне малку кромидот и морковот - а вие постојано бркајте.
- Растворете во врела вода коцката зеленчуков бујон или едноставно ставете само вода, а зачинете со сув зеленчук... залијте ја леќата и нека вари 20 мин.
- Сварена тргнете од огнот - извадете го ловоровиот лист, извадете дел од морковот и леќата, остатокот испасирајте го. Потоа вратете назад извадените моркови и леќа, додадете магдоност и обарениот и сосема малку запржен спанаќ - пробркајте - додадете сок од лимон на вкус, послужете.
Одлична...

Напомена
- Денес ставив наместо коријандер... свеж лист оф котијандер, црвен пипер и буковец... остатокот од зачините ги немав и не ставив.. ме бендиса и вака.
- Доколку не сакате да ја пасирате - слободно ја оставете така како што е варена притоа додавајки спанаќот и лимонот. Наместо бујон коцка - си ставив вода и сув зеленчук.
- По правило во рецептот оди и кимион и бахар... но не ми ги сакаат останатите овие зачиники, бидејќи им била прејака оваа чорба. Вие како сакате...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани