Евергрин рецепт, во мојата тетратка запишан како цигански колач, а јас овој пат го направив како мафини.

1. Јајцата и шеќерот се матат со миксер до убава и мазна смеса.
2. Се додава маслото, млекото, мармаладот и се мати со послаба брзина.
3. Во брашното се става содата бикарбона, се просејува и се додава во петходната смеса. Се мати до изедначување на смесата.
4. Во калап за мафини се ставаат книжни корпиња за мафини и се полнат со смесата. На средина во секој мафин се става по малку мармалад.
5. Се пече на 190 степени околу 20 минути со задолжителна проверка дали се печени со чечкалица.
6. Кога ќе изладат, мафините се премачкуваат со мармалад од шипинки и се наросуваат со сечкани ореви.

Забелешка
- Смесата може да се пече и во тавче бр. 28.
- Јас ги полнев мафините до горе и добив 12 мафини, а и затоа изгледаат како печурки.
- Изберете си мармалад по вкус, нам од шипинки ни е омилен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани