Многу лесен и едноставен рецепт за цепкани ајварски пиперки, кој е погоден за подготовка во домашни услови. Се прави многу брзо, пиперките остануваат цели - цепкани и потоа во текот на зимата може да се користат за многу комбинации и рецепти. Највкусни се малце пропржени со јајце, во комбинација со сиренце.

1. Црвените пиперки се печат и лупат. Се цепкаат надолжно.
2. Останатите состојки - масло, оцет, шеќер и сол се зовриваат и во течноста се ставаат цепканите пиперки.
3. Смесата врие 20 мин.
4. Се собира во чисти, стерилни и топли тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови