Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги ставме солта, растопениот путер i киселото млеко.
Промешуваме.
Го додаваме активираниот квасец и постепено додаваме брашно.
Замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме со крпа и оставаме на топло 20 минути.
Потоа тестото го делиме на топчиња, со големина која ја сакаме.
Моите беа малку поголемки од орев.
Со дланката нежно го сплескуваме топчето тесто.
Во средината ставаме чашка од ракија, со малку набрашнето дно.
Правиме 4 засеци, да добиеме четвртинки, а потоа секоја четвртинка ја делиме на пола со нож.
Сега секое делче тесто со палец и показалец ја притиснуваме, при тоа формирајќи латици на цвет.
Нежно ја тргаме ракиената чаша, па ја ставаме кифличката во плех обложен со хартија.
Постапката е иста со цело тесто.
Сега земаме мало парче прозирна фолија, и ја поставуваме на секоја кифличка, брзински и малку пак го оформуваме срцето на цветот со дното на чашката, нежно притискаме.
Во средината на цветот ставаме кечап, малку оригано.
Ги премачкуваме со изматено јајце, во кое има малку масло.
Оставме 15 минути да киснат, па ги печиме во загреана рерна околу 25 минути
Оставме малку да се изладат на решетка. Ги сервираме овие декоративни, меки кифли

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани