Во топлото млеко ги ставаме шеќерот, квасецот и едно лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги ставаме јогуртот, малку изматеното јајце, путерот, солта и активираниот квасец.
Ги соединуваме сите состојки и постепено додаваме брашно.
Замесуваме тесто средно меко.
Го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Од стасаното тесто сучиме голема правоаголна кора, ја премачкуваме со путер.
Виткаме ролат.
Сечиме на парчиња.
Секое парченце го притискаме со сукало,еденаш по хоризонтала, еднаш по вертикала.
Секое цветче го правиме на ист начин и ги редиме во плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце, во средината ставаме малку чурек.
Оставаме да одстојат 15 минути, а потоа ги печиме околу 20 минути во загреана релна.
Послужуваме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани