- Измиеното цвекло ставете во вода со сол да се вари. Откако е сварено се лупи и сецка на коцки - оставете да олади.
Сос
- Исмиениот компир се става да се вари.
- Додека вари компирот вие во сад ставете го исчистениот лук, водата, лимоновиот сок и сол - испасирајте , додадете го маслото, уште малку се заедно пасирајте.
- Сварениот компир излупете, со вилушка додека е топол ситно згмечете, во него додајте го сосот од лукот (ако се олади компирот маслото нема да може да се впие во компирот).
-Добиениот сос додадете го целиот кон изладеното цвекло и измешајте или пак засебно послужете (тоа е најчест начин - се служи засебно, па кој сака во тањирот нека измеша за да ја добие оваа вкусна салата). Се посипува со потпечени толчени ореви и бибер.
Тоа е се другари и другарки...
Само да додадам дека на мене оваа салата со печено цвекло во зимата ми има посебен вкус, но рецептот е со варено, јас честопати си правам отстапки. Ако во компирот додадете и кисела павлака - вкус од милина. Тоа го оставам на вас... да си додадете тоа што сакате вие - трпи салатата промена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани