1. Најнапред се вклучува рерната на 250 степени.
2. Со миксер се матат јајцата и солта.
3. Се додаваат маслото, павлаката и јогуртот и уште еднаш се прематува со миксер.
4. Потоа се додаваат брашното и пецивото, па убаво се промешува со лажица.
5. На крајот се додаваат празот, сирењето и кашкавалот.
6. Целата смеса убаво се промешува со лажица, да се соедини, а потоа се истура во тава бр. 30 премачкана со малку масло и набрашнета, се наросува со сусам и лупен сончоглед, и се става да се пече на 180 степени 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови