Ова е доза за една пица која е доволна и за двајца. Ја правев само за мене, ама не ја изедов цела. Јадев колку ми беше доволно, ама и дома ја бендисаа, па земаа некое парче за проба.

Подготовка
Се замесува тестото од сите состојки. Се расукува на брашно во големина на тавчето во кое ќе ја печете. Тавчето се посипува со брашно. Го ставаме тестото, па го премачкуваме со ајвар или кечап.
Редиме сечкана шунка и сечкан млад кромид. Рендаме со кашкавал или младо сирење и посипуваме со оригано.
Печеме на 200 степени во загреана рерна, на најниската решетка.

Забелешка
Ја печев во оригинал тава за пица. Ако сте во рестрикција по хроно исхрана користете младо сирење, моцарела, фета и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани