Овие вкусни панцероти се моја препорака за подготовка, кога немате време наутро да смислувате појадок, ова е идеално решение. Јас си направив 3, со различни полнења и секој ден си добив различен појадок.

Се замесува тесто од наведените состојки и се дели на 3 дела. Од нив се расукува коричка округла и се полнат со фил по желба.

1 фил - пилешки гради со паштета ајвар
2 фил- Пица фил - доматен сос, оригано, печеница и моцарела
3 фил - плаво сирење и панцета

Ова се предлози за 3 различни полнења. Се разбира секој со свој избор и вкус. Битна е идејата и состојките за тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови