Прв пат пробувам леб со брашно од просо и искрено сум изненадена од убавината.
Брашно од просо си направив сама. Зрното просо го изблендирав и добив брашно.
Мерките се на лажица, бидејќи и ова е дел од 7те лепчиња кои ги правев во стун леџнд сетот за печење. Ако сакате поголем леб, задржете го соодносот. На пр. ставете 300 гр брашно од просо, 200 гр, ржано и 100 гр јачменово.

Сосотојките ставете ги во длабог сад и убаво измешајте ги. Потоа тестото префрлете го во калап за печење и се пече во ладна рерна која во тој момент се уклучува на 220 степени и се пече околу 20мин, до половина час, зависно од дебелината и големината на лебот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови