Оваа пита се прави навистина брзо, јас најчесто ја правам во текот на работната недела кога немам многу време, а сепак сакаме вкусен и заситувачки ручек.

- Состојките за палачинките наједноставно се мешаат и се печат во нелеплива тава. Обично се добиваат 12 палачинки.
За поголема количина слободно зголемете ги состојките.
- За филот во сад се соединува урдата, јајцата, јогуртот и солта.
- Во тавче се редат 3 палачинки, па ред фил и така се додека има фил, на крај се завршува со слој од фил.
- Се пече на 180 степени, додека не зарумени убаво.

Највкусно е со чаша овчи јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови