Да напоменам дека овој здрав сок е добро секој барем еднаш во 6 месеци да го подготви и да го има во својот фрижидер.
Се користи како добар додаток во исхраната, но и како лек против многу болести.
За почеток добро е да се измијат морковите и останатите состојкии, а цвеклото да го излупите.
Ставете ги сите состојки во соковникот и соберете го сокот што ќе го пуштат.
Собирајте во стаклен сад. Не додавате вода, само чистиот сок е потребен.
Откако исцедивме, во сокот додадете ја количината на мед, благо промешајте со стаклена, дрвена и пластична лажица додека убаво медот не се разреди.
Потоа соберете во стаклени шишенца и чувајте во ладилник.
Вака подготвениот сок смее да се пие една недела.
Значи во ладилник и по една чаша наутро пред јадење.
Сокот е вкусен и здрав. Ние го приготвуваме,а вие...одлучете сами.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови