Вкусно, крцкаво, кревко....
Во еден сад ги ставаме јајцето, солта, јогуртот, ракијата, млекото и ренданиот кашкавал.
Лесно промешуваме и ги додаваме брашното и пецивото.
На оган ставаме една мала касерола, додаваме масло и со помош на лажиче ги пржиме на тивок оган, да поруменат.
Ги редиме на хартиени салфети.
Потоа ги сервираме и наросуваме рендан кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани