Трагајќи по добар рецепт за кроасани, дојдов до следниот. Вкусот беше одличен.
Го подготвив на следниот начин.
Во длабок сад го разматив квасецот со шеќерот и 100 мл млеко.
Ги оставив заедно неколку минутки да се дружат. Во друг сад го ставив остатокот од млекото, 2 јајца и една жолчка, шеќерот, малку сол, маслото и замесив со брашното.
Месев долго, убаво, да се добие едно убаво меко тесто.

Оставив да стаса убаво, да се дуплира тестото.
Потоа го развлеков по должина како штрудла, но само со раце, без сукалка и без месење, да не се натапка тестото.
Ќе прикажам на сликите.
Од тестото пресечете 7 парчиња и секое направете го топче.
Секое топче расукајте го и премачкајте го со многу маргарин или путер.
Редете ги едноврз друго, а на последното не му ставајте ништо, па така добро завијте ја цела топка со него.
Сукајте голема рамномерна кора.
Откако ќе ја исукате, пресечете ја на четири
дела, а потоа секоја четвртина уште на 6 делови.
Значи треба да имате 24 мали кифли.
На широкиот дел ставете полнеж кој вие го обожувате и виткајте ги кифлите.
Редете ги на хартија за печење.
Премачкајте ги со белката што остана и попрскајте ги со ванила.
Оставете ги уште 5 минутки во тавата, па печете во загреана рерна од 200 степени.
Поленжот може да ви биде мармалад, крем или тврдо сварен пудинг.
Служете со топло млеко или чајче за појадок или со кафе како десерт.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови