Ова беше мојот прв обид за лиснато тесто, па еве веднаш да споделам (читај да се пофалам) со вас. =)))
Квасецот и шеќерот се раствораат во млака вода и се остава да се активира квасецот. За тоа време се приготвува филот. Густинот се меша со мармаладот и го ставаме на тивок оган да проврие 1-2 минути, па го тргаме настрана да се излади.
Се замесува тесто од сите состојки освен маргаринот и се остава 15 минути да одмори.
Се расукува во форма на правоаголник  и врз 2/3 од површината се ренда маргарин. (маргаринот треба да го поделите на 3 дела и овде 1/3 да искористите). Онаа третина што е без маргарин ја преклопуваме врз другата со маргарин, па преклопуваме уште еднаш, да добиеме како коцка, која повторно ја преклопуваме на три пати. Оставаме да одмори 5 минути, па ја повторуваме истата постапка уште два пати.
Кога три пати сме го премачкале тестото со маргарин и одморило, го расукуваме со дебелина од 1 см и се сечат правоаголници. Јас, бидејќи прв пат работам со лиснато тесто, тешко ми одеше расукувањето, па добив само 10 правоаголници. Правоаголниците ги засекуваме од едната страна, а на другата страна ставаме една лажица фил. Го преклопуваме филот, со засечениот дел, и краевите ги притискаме со вилушка, да се стегнат. Се редат во плех премачкан со маргарин, на 220 степени, со вентилатор, околу 15 минути.
Кога се изладени, го посипуваме со шеќер во прав.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови