Во садот ја налеваме млаката вода, сувиот квасец и медот.
Промешуваме и оставаме да отстои 5 минути.
Во друг сад го промешуваме брашното со солта и сувите зачинки.
Постепено ги додаваме во садот со течноста и замесуваме меко лепливо тесто.
Оставаме 1 час да нараснува.
Тавата во која ќе ја печеме фокачицата ја премачкуваме со масло или ставаме хартија за печење.
Рацете ги налепуваме со брашно и го вадиме тестото од садот.
Го ставаме во тавата каде ќе се растегнува. Со дланката растегнуваме, а со врвовите на прстите правиме вдлабнатинки во тестото.
Од маслиновото масло, лукот и дел од зачинките правиме прелив, со лажица преливаме врз површината.
Веднаш ја ставаме да се печево загреана рерна.
Штом ја добие таа убава румена боја, вадете од рерна.Оставете нека одмори 5 минути и служете.
Има преубав вкус од рузмаринот и лукот.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови