Го замесуваме тестото, го оставаме да постои, да се одмори.
Стои 45 минути, потоа го размесувамеи пак го оставаме да отстои уште 45 минути.
Го размесуваме тестото на малку набрашнета основа и го делиме на два дела.
Со сукалка ги подрасукуваме топките (не многу) и се ставаат на набрашнета тава.
Се потстиснува со прстите да се направат вдлабнатинки.
Се филува во вдлабнатинките со она што сакате, јас ставив домати, а потоа со растопен путер или маргарин се полева по површината.
Се пече на 220 степени, веднаш, без стасување повторно.
Фокачата е вкусна и мека.
Се пече додекане порумени.
Таа е воздушеста од што е стасана, два пати пред размесувањето.
Нас ни е честа на трпезата со разни додатоци.
На здравје

Забелешка
Јас ставив парчиња на домати, а вие можете да употребите и шери домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови