Сварете ги компирите и кога ќе оладат излупете ги и пресовајте ги со алатка.

Во подлабок сад за месење ставете го брашното и пасираните компири, посолете по рабовите на садот, направете вдлабнатина и во неа ставете 100на мл топла вода, издробениот квасец и шеќерот. Оставете да се активира, па додадете го прашокот за печење и половина од маслото.
Замесете меко и лепливо тесто. Кај мене отприлика се потроши вкупно околу 250 мл топла вода.

Постелете со пек хартија помал плех од рерната (40) и намастете го. Со намастени раце истапкајте го тестото со дебелина од 1 см.

Наредете ги одозгора состојките, прелијте со останатото масло, покријте го со крпа и оставете го 15на мин. додека ја загреете рерната на 200С. Потоа печете ја фокачата 20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани