- Сварете компирот, испасирајте и премерете 140 гр. од добиеното пире
- Ставете брашно во садот во кој ќе месите, измешајте во него шеќерот, квасецот и со млаката вода и маслото замесете тесто. Извадете на побрашнета работна површина и сега во овој момент ставете солта. Домесете тесто кое нема да се лепи за рацете. Вратете во садот, покријте и оставете да стаса.
- Откако стасало тестото извадете превртувајки го да горниот дел дојде одоздола ставете во веќе подмачкан со маслиново масло плех 30х40 см, намрснете рацете и растегнете кора. Покријте и оставете пак да стаса.
- Додека да стаса - во сад ставете ја водата, маслиновото масло, рузмаринот, биберот... измешајте.
- Стасаното тесто во плехот со прстите налегнувајте го за да му направите вдлабнатини, со четка земајте и премачкувајте од смесата за премачкување, посипете со едра сол и доколку сакате буковец, ставете да се пече на 200 степени претходно загреана рерна. Зависно од рерната - треба да биде испечена за 15 мин.
Напомена
- Состојките се дадени за тестото, а одозгора обавезно преливот од вода и масло, зачинки кои сакате ставете... овој пат јас си додадов и маслинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани