Брзи и вкусни залчиња, кога ви се јаде нешто благо, а сакате да биде тоа здрава варијанта.
Сувите сливи ситно ги сецкаме, и заедно со бананата сецкана на парчиња, ги блендираме. Додаваме какао и рогач, па додаваме ореви (ако ви изгледа премногу леплива смесата, додадете уште некоја лажица ореви). Мешаме убаво да се соедини смесата, и формираме бомбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови