Драги мои и јас полека полека стигнав до нов јубилеј. Па затоа големо ми е задоволството да ви го претставам мојот 300 ти рецепт се надевам дека ќе ви се допадне.
Како и горе што реков полека полека затоа што ме немаше еден период, но морам да ви признаам ми фалеа сите прекрасни коментари и совети што ги добивав од вас. Сите коментари и новите рецепти кои што ги учев тука ме направија да бидам уште подобра и подобра во мојата кујна.
Ајде сега да преминеме на ова прекрасно чоколадно задоволство
1. Во касерола на оган се става слатката павлака да се загрее.
2. Во слатката павлака се ставаат чоколадото, путерот и еурокремот, се промешува да се соедини кремот и се остава да се олади.
3. Белките се ставаат во еден сад и им се додава солта и се матат, покасно се додава и шеќерот и се мати до добивање на цврст снег, во белките се додаваат жолчките и се промешува се маталка да се соединат.
4. Во јајцата се додаваат маслото, брашното, какаото и пецивото и се промешува да се соедини.
5. Тавичката се премачкува со масло и се посипува со какао.
6. Смесата се префрла во тавичката, а најгоре се посипуваат лешниците. Се сипа тестото и се пече на 200 степени 10ина мин. Потребни се два пандишпани.
7. Готовите пандишпани се оставаат да се оладат.
8. Оладениот ганаш се промешува да се поотпушти малку и се разделува на 2/3 и 1/3 која ќе се користи за премачкување на тортата.
9. Во тие 2/3 ганаш се додаваат наполитанките и 2/3 од лешниците, се промешува да се соедини.
10. 1/2 од кремот со наполитанки и лешници се става врз едниот пандишпан, врз него се посипува 1/3 од лешниците и врз нив се поставува другата половина од кремот, врз кремот се поставува вториот пандишпан.
11. Во преостанатиот ганаш се додаваат дополнителните лешници и со него се премачкува тортата. Се декорира по желба.
- Тортата не е многу голема, пандишпаните се печат во тавичка со дијаметар 20 сантиметри.
- Ако кремот е многу стегнат можи малку да се загрее за да се поотпушти, но треба да се внимава да не стани многу мек и течен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови