Многу едноставно и брзо се припготвува, готово е за миг. Единствено останува да го почекате времето додека се здрви, кое верувам е најтешкиот дел. Иако навидум е едноставно за спремање и со обични состојки, резултатот е воодушевувачки, многу вкусен. Сите кои го пробаа побараа и уште и рецепт. Пробајте го и вие, нема да зажалите. Ако сакате повисоки парчиња, дуплирајте ги состојките.

Во едно тенџере се ставаат водата, шеќерот, чоколадото и маргаринот да се стопат и да зовријат.

Бисквитите се ставаат во тепсија 20х30 цели, некршени и се потураат со течноста.

Со лажица убаво се потиснуваат и се остава филот да се впие и здрви.

Се топи чоколадото во предходно загреаната врела слатка павлака и се меша во ганаш. Со тоа се преливаат потопените бисквити и повторно се остава да се здрви кратко време.

Потоа се сечи во коцки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани