Бидејќи се ближат велигденските празници би сакала со вас да споделам еден рецепт за фарбање на јајца, кој минатата година го најдов на некоја веб страна.
Во принцип сакам да фарбам јајца и да експериментирам со нови методи на фарбање, да бидат брзи и лесни за подготовка, а постапката да е успешна.

Јајцата се варат на вообичаен начин на умерена температура со малку сол и алкохолен оцет. Кога ќе бидат варени се витка секое јајце со по два слоја брисачи за раце и се редат на послужавник претходно заштитен со фолија за да не се офарба. Боите со кои планираме да ги фарбаме јајцата ги раствараме во посебни помали чашки и додаваме алкохолен оцет. Со лажица земаме од растворената боја и посипуваме врз јајцата со различни бои. Така треба да отстојат 30 минути за да навлезе бојата во јајцата. Кога ќе се исуши јајцето со помош на памучна ткаенина натопена во масло се премачкуваат сите јајца за да добијат сјаен изглед. Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови