Во млаката вода се дроби квасецот и се додава лажиче од шеќерот и лажиче брашно и се остава 10 минути да запени.

Се меша брашното со шеќерот и пецивото, се прави вдлабнатина во средината и по страните се посолува.
Во средината се става активираниот квасец и маслото и се меси тесто.

Тестото се покрива и се остава половина час.
Потоа се расукува во кора која се премачкува со мармалад или веднаш или зависно како ќе решите форми да правите, па можи прво да се исечи и да се мачка дел по дел.
Во овој случај со широка чаша сечев кругови кои се премачкани со мармаладот. По 4 круга еден до еден при што едниот крај го поклопува другиот се редат и се виткаат во ролат (исто како за ружичките од тесто). Бидејќи сакав погачата да е висока не ги сечев на половина, ами ги ставав цели и ги печев во помало тавче 22см на откопчување, претходно намастено и набрашнето.

Се става во рерна и рерната се пушта на 70С. Откако ќе загрее на таа температура се остава така уште 10 минути, па се пушта рерната на 200С, кои кога ќе ги постигни се печи уште 10-15 минути зависно од јачината на рерната и потоа се намалува на 150 уште 20-30 минути. На крај се исклучува и се остава постепено да се лади со подотворена рерна пред да се извади надвор од неа.

Бидејќи е тестото благо, а мене решетката ми е висока јас на 200 степени откако затемни го покрив со алу фолија. Сепак тука освен висината на решетката зависи и јачината на самата рерна, па тоа сами ќе си утвридите дали ви треба или не.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани