Туфахија е традиционален десерт во Босна кој потекнува од Персија. Има многу варијанти на овој десерт, а јас ќе ви го претставам мојот начин на подготовка и верувајте превкусно е.
Јаболката измијте ги и излупете ги, па издлабете ги во средината.

Во меѓувреме ставете да се вари шербетот. Кога ќе врие неколку минути додадете ги јаболката. Варете околу пет до седум минути.
Додека се варат јаболката изматете го шлагот според упатството.
Во половина од шлагот додадете ги толчените ореви, ванилиниот шеќер, циметот и со ова наполнете ги јаболката.
Полнетите јаболка се ставаат да се печат во загреана рерна на 170 степени,15 минути.
Кога се готови ги ставаме во чинија за сервирање, ги полеваме со по неколку лажици шербет,  ги украсуваме со толчени ореви со цимет и со шлаг.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови