Многу вкусни турски вртени ѓевречиња.
Во топлата вода го ставаме шеќерот, квасецот и малку брашно.
Оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ги додаваме млекото, јајцето, маслото, солта, путерот и постепено од брашното.
Треба да добиеме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Потоа тестото го делиме на два дела.
Секој дел го расукуваме во правоаголна кора. Не треба да биде многу тенка.
Сечеме ленти, одприлика по 1 цм.
Секоја лента со рака неколку пати ја завиткуваме спирално, па го формираме ѓеврекот.
Секое ѓеврече го потопуваме во растворениот мармалад во вода.
Потоа го валкаме во сусам.
Ги редиме на плех за печење.
После 15 минути ги печиме во загреана рерна на 200с околу 15 минути.
Послужуваме топли.
Турците најчесто користат мармалад од грозје, но и мармалад од шипки е одлична замена.
Турците денот го започнуваат со ѓеврек и црн чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани