Кога прв пат го видов овој турски рецепт, бев малку скептична.
Мислев дека е мешавина од многу вкусови и дека нема да ми се допадне.
Но полека си го одомаќинив и често го спремам.
Федје,мојата пријателка е таа која несебично ми ги споделува тајните на турската кујна.

За подготовката на Булгурот
3 чаши булгур добро се мијат и се полеваат со 1 чаша врела вода.
Се покриваат со најлонскафолија и се остава булгурот да надојде.
Кога е готов и изладен,во него се додава маслото,сокот од лимон,доматното пире и сосот од калинката.
Тоа му дава посебен вкус.
Зеленчукот се мие и се чисти.
Младиот кромид убаво се сецка на парчиња. Магдоносот се ситни и се додава во садот.
Свежото нане исто така се сецка на помали парчиња.
Овде се приготвуваше во големи количини, па мешавме во голема вангла.
Патлиџаните и краставицата се мијат и се сецкаат исто така на коцки.
Се се помешува заедно.
Ајсберг салатата се дроби на не многу тенки лентипа се додава и таа.
Промешајте добро се и сервирајте. Овој турски рецептни се допадна и често го приготвуваме дома.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови