Најкомпактната и многу вкусна раванија до сега што сум ја пробала. Составот и начинот на подготовка на крај резултираат со баклава која не се рони и насекаде е прелиена/впиена со шербет кој не се цеди и многу брзо се апсорбира кога ќе се полие.

Најпрво е добро да се подготви шербетот за да можи да олади.
Се ставаат шеќерот и водата во тенџере на среден оган и откако ќе зоврие се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.

Јајцата и шеќерот густо се матат. Потоа се додава киселото млеко во кое предходно се угасила содата бикарбона. Се додаваат и останатите состојки редоследно.

Смесата се истура во намастена тава 20х30 и се печи во загреана рерна од 200С до поцрвенување и формирање на кора одозгора.

Уште жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сечи на посакувани коцки или ромбоиди и се служи со сецкани ф`стаци или некое друго јаткасто овошје врз секое парче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови