Брза салата која може да се користи како оброк бидејки е богата со протеини.
Измиената марула се сецка во садот за салата. Во тегличка ставаме 1 лажица маслинов зејтин, 1 лажица јаболков оцет и 1 лажичка сол. Се' заедно промешуваме и ја зачинуваме со половина од течноста. Врз марулата ја ставаме туната, па доматот, пиперката и пченката. Сега ја додаваме другата половина од течноста од тегличката. Украсуваме со парчиња кашкавал, поросуваме со оригано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови