Знам, изгледа препросто за рецепт, но ова е повеќе идеја како да изеди едно лице туна во подобрена верзија. Нам дома по случајна идеја на комбинација ни стана омилена, па решив и овде да ја споделам и искрено се надевам дека ќе ви се допадне ако пробате.

Едноставно се сечкаат варените јајца и краставицата на коцки, се мешаат со туната, која се отцедува од вишокот масло и сето тоа заедно се меша со мајонезот.

Не мора додавање, ни на сол, ни на зачини. Ние не додаваме, вака ни е супер, но секако, кој си јади посолено или реши да експериментира со вкусовите на зачините избор има.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови