Најпрво се подготвува шербетот.
Водата и шеќерот откако ќе зовријат, се додава лимоновиот сок, се продолжува со варење уште 10 мин.,( на умерен оган ) т.е. додека шербетот ја добие потребната густина, да биде густ.
При крај се додаваат ванилите. Кога ќе се тргне од оган, се додаваат круговите лимон. Се остава убаво да излади. Тулумбите треба да се спуштаат во ладен шербет.

Започнуваме со подготовка на тестото.
Во тенџере на оган се налеваат водата и маслото, се додава прстофат сол и се остава да зоврие. Тенџерето се трга од оган, се додава брашното и нишестето, мешајќи со дрвена лажица додека смесата не се соедини убаво, да нема грутчиња. Се враќа на оган, уште малку, околу 2мин. со постојано мешање, се додека не почне тестото да се одлепува од ѕидот на тенџерето, да се собира како топка и додека не фати коричка на дното од тенџерето.
И ова се остава убаво да излади.
Се префрлува тестото во сад за месење и со постојано месење се додаваат јајцата, едно по едно и треба да се добие мазно, сјајно, тесто. Се додава и пецивото. На кој како му е полесно така ги спојува јајцата и брашното, со миксер или со рака.
Се остава тестото да одмори некои 20 тина минути.
Тестото се полни шприцот.

Маслото се загрева, меѓутоа не многу, средно и се спуштаат тулумбите да се пржат, на умерен оган. Кај мене на ринглата има јачина до 9ка, јас ги пржам на 5ка.
Најдобро е да се пржи во две тави. Се пржат околу 15 мин. Кога се готови, прво ги вадам на страна, па сите во шербет и стојат во него додека се испржи другата тура. За тоа време се лади и маслото.
Значи се пржи во втората тава, а првата се лади.
Остатокот од шербетот се прелива врз тулумбите, се оставаат убаво да изладат и се превртуваат неколку пати за подобро да впијат.

***Шербетот може да биде и со пола литар вода на 1кг.шеќер, меѓутоа некако многу ни е благ, тежок, затоа вака го правам.
***Голема улога игра и шприцот за тулумбите да бидат убави и успешни. Тој треба да е со поголем пречник и модлата за истиснување да биде ѕвездест.

Рецептов ми е од една драга пријателка, која е голем мајстор за вакви шербетлиски блага.:)
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани