Во касерола ставете го млекото и шеќерот да зовријат.
Додајте го желатинот растворен во 100мл. млеко.
Оставете да врие 10 минути, а потоа ставете ја касеролата да отстои во замрзнувач 2 часа.

Изматете ја слатката павлака и додајте ја во смесата со желатин.

Поделете ја смесата на 3 дела.
Во едниот дел ставете ги мелените бисквити, во другиот дел мелените наполитанки, а третиот нека остане бел.

Во правоаголен плех ставете ја првин смесата со бисквити, потоа со мелените наполитанки и најгоре белата смеса.

Изрендајте одозгора чоколадо и оставете да отстои во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани