Во касерола на оган ги ставаме капините, половина количина на вода, шеќерот и оставаме на тивко да вари 4-5 минути.
Сместа ја поминуваме со стапчест миксер.
Во остатокот на вода го додаваме растворениот густин и вариме уште 1-2 минути.
Топлиот овошен крем го распоредуваме во 5-6 чаши.
Оставаме да се изладат.
Во друга касерола на оган го ставаме млекото, шеќерот, пудингот.
Вариме до згуснување.
Повремено мешаме за да не фати кремот коричка.
Во тенок млаз ја додаваме слатката павлака и матиме со најслаба брзина.
Врз капина слојот нанесуваме по 2 лажици од ванила кремот.
Слатката павлака ја матиме со ванилата и нанесуваме во чашите.
Декорираме со мелени фстаци.
Сервираме и дегустираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани